Оливер Вархеји / Фото: МИА

Вархеји ја поздрави испораката на вакцини во Северна Македонија и во Црна Гора

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против ковид-19 во Северна Македонија и Црна Гора преку програмата КОВАКС.

– ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат за Ковакс и солидарна е со своите партнери за да обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Во Црна Гора и Северна Македонија, преку програмата КОВАКС, денеска пристигнаа по 24.000 дози на вакцината „АстраЗенека“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот