Фото: Младинска школа ФК Вардар

Вардаровите кадети убедливо ја победија Шкендија за трофеј во Купот на Македонија

Првиот тим на Вардар поминува низ тешка финансиска криза, но и во таква ситуација црвено-црните се изборија за бараж за враќање во Првата фудбалска лига. Меѓутоа, додека сениорите се мачат да се вратат во друштвото на најдобрите одлично им оди на кадетите на Вардар.

Генерацијата на Вардар 2005 година или кадетите денес ја прегази Шкендија во финалето од Купот на Македонија со 4:1 и така стигна до трофејот.

Вардар доминирал во финалето и со оглед на шансите победата можела да биде и поубедлива.

Секако дека ваквата победа на кадетите е светла точка и показател дека Вардар има играчи со голем потенцијал во своите младински категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот