фото: Слободен печат/Методи Здравев

Вардар во Лозана брка трето квалификациско коло во Конференциската лига

Денеска од 20.15 часот во Швајцарија фудбалерите на Вардар ќе го играат реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига против Лозана.

Играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски во првиот меч во Скопје триумфираа со 2:1 и останува да се види дали ваквата предност ќе биде доволна за пласман во следната рунда.

Победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло во КЛ ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан) каде по првите 90 минути резултатот е 1:1.

Од таборот на Вардар сметаат дека до последната минута нема да се знае кој ќе оди во следната фаза од натпреварувањето.

Скопските „црвено-црни“ и покрај победата и натаму ја препуштаат фаворитската улога на Лозана.

– Се работи за една одлична екипа, се покажа тоа и на терен. Ние направивме добра анализа за ривалот, заслужено го добивме првиот меч. Очекувам многу потешко гостување во Лозана, но ние сме подготвени – вели фудбалерот на Вардар, Димитар Тодоровски.

Главен судија на денешниот натпревар Лозана – Вардар ќе биде Снир Леви од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот