Фото: РК Вардар

Вардар сигурен и против Бутел

Ракометарите на Вардар продолжуваат со убедливите изданија во плејофот од Суперлигата, откако денеска без поголеми проблеми го совладаа тимот на Бутел со резултат 37:30 и така ја потврдија својата фаворитска улога.

Иако Бутел беше рамноправен противник во воведните минути од натпреварот, при резултат 7:7, вардарци направија серија од четири гола и од тој момент натаму ја преземаа целосната контрола врз натпреварот.

До крајот на првото полувреме, разликата во квалитетот веќе беше очигледна. „Црвено-црните“ се одлепија на осум голови (21:13) и на паузата заминаа со сигурна предност.

Во вториот дел ракометарите на Вардар рутински го одржуваа водството, кое постојано се движеше меѓу седум и девет голови разлика. Бутел немаше сили за вистинска закана и остана само да се обиде да го ублажи поразот.

Дмитро Хориха со седум гола беше најефикасен во редовите на Вардар, додека Дамјан Субашевски на спротивната страна постигна шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот