Фото: Ал Худа

Вардар го испрати Бразилецот Дутра на кратка позајмица во Саудиска Арабија

Бразилецот, Леонардо Дутра ќе има кратка епизода во Саудиска Арабија за време на паузата во македонскиот ракомет.

Вардар го испрати 27-годишниот ракометар на позајмица во Ал Худа, тој ќе биде дел од овој клуб во текот на уни. Ал Худа беше во потрага по квалитетен бек кој може да игра како лев и среден и изборот падна на Дутра.

Во редовите на Вардар Дутра пристигна од Ла Риоха претходно го носеше дресот на шпанската Куенка и полската Висла Плок.

Дутра беше дел и од репрезентацијата на Бразил на последното Светско првенство, договорот со Вардар му има важност до крајот на новата сезона со можност за продолжување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот