Ванг Ји / Фото EPA-EFE/KITH SEREY

Ванг Ји: Руско-кинеските односи имаат моќна движечка сила

Односите меѓу Русија и Кина имаат моќна внатрешна движечка сила и не толерираат надворешно мешање, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко.

„Кинеско-руските односи имаат историска логика и моќна внатрешна движечка сила, тие не се засегнати од промените во меѓународната ситуација и не толерираат мешање на трета страна“, рече тој, пренесува „Известија“.

Како што наведе тој, Москва и Пекинг треба да одржуваат стратешка интеракција на сите нивоа и во сите области, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот