фото: EPA-EFE/KENA BETANCUR

Ван дер Варт: „Фудбалерите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид“

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Варт го „пецна“ најголемиот ривал Барселона. Холанѓанецот Ван дер Варт сега работи како телевизиски коментатор, а неговите коментари често стануваат вирални. Еден од нив е оној за кој е најпосакуваниот клуб во светот.

Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е тоа така, но многу повеќе фудбалери сакаат да играат за Реал отколку, да речеме, Барселона – изјави Ван дер Варт, а потоа продолжи:

Секој фудбалер на светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид, 100 отсто сум сигурен во тоа – рече Ван дер Варт и предизвика бура од реакции.

Ван дер Варт пристигна во Реал од Хамбургер во летото 2008 година. За две години одигра 73 натпревари, постигна 12 гола и запиша 13 асистенции.

Сепак, тој не успеа да освои ниту еден трофеј со Мадрид, бидејќи во тоа време Барселона доминираше под водство на Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!