
Валц: САД ќе го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО
Соединетите Американски Држави ќе ја бранат територијата на НАТО од упади откако Русија постојано го нарушуваше воздушниот простор на европските членки на алијансата. Ова денеска го изјави амеркианскиот амбасадор во Обединети нации, Мајк Валц, на вонредниот состанок на Советот за безбедност.
Препорачано
„Соединетите Американски Држави стојат покрај своите сојузници во НАТО во однос на овие нарушувања на воздушниот простор и сакам да ја искористам оваа прва можност да повторам и нагласам дека Соединетите Американски Држави и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави Валц.
Русија треба итно да го запре таквото опасно однесување, рече новоназначениот амбасадор.
„Очекуваме Русија да бара начини за деескалација, а не да ризикува ескалација“, додаде Валц.
Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил огромно време и труд за да ја заврши „ужасната“ војна меѓу Русија и Украина. Русија треба директно да преговара со Украина за да го запре конфликтот, рече Валц.
Естонија во петокот соопшти дека три руски борбени авиони го нарушиле нејзиниот воздушен простор 12 минути. Русија го отфрли естонскиот извештај за инцидентот. Голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор една недела претходно за време на руските воздушни напади врз Украина.
Полска и нејзините сојузници од НАТО за прв пат соборија голем број дронови, а остатоците подоцна беа пронајдени во источните и централните делови на земјата. Досега ниту едно не е класифицирано како опасно. Романија, исто така, регистрираше руски дрон како влегува во нејзиниот воздушен простор. Полска, Естонија и Романија се членки на НАТО.