
Вака изгледаа последните денови на Саша Поповиќ: Се лекуваше на клиника во Париз, а покрај него беа најблиските
Естрадниот маг Саша Поповиќ почина вчера, на 70-годишна возраст. Поповиќ речиси една година водел тешка битка со болеста, а последните денови ги поминал на клиниката во Париз. Како што пренесува „Телеграф“ тој се лекувал од рак во една од најдобрите клиники во Европа.
Препорачано
Последните денови ги минал во болница, а кога најблиските пријатели и роднини дознале дека состојбата му се влошила, ведаш заминале во Франција за да бидат со него.
Инаку, како што дознава „Телеграф“, Поповиќ помалку од една година водел жестока битка со една од најопасните болести на денешницата, ракот на желудникот.
Саша во мај минатата година доживеал незгода со ногата поради која заминал на лекар. При прегледот се пожалил и на болки во стомакот, а по деталната анализа му била соопштена страшната дијагноза.
Од тој момент, Поповиќ направил сè за да излезе победник од борбата со својот најголем непријател, но за жал, не успеа да ја победи болеста.
Според првичните информации погребот ќе се одржи во четврток, а времето и местото дополнително ќе бидат објавени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5