Полиција во Германија / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Ужасно злосторство во Германија: Убиец ги застрелал партнерката и двете деца, па се самоубил

Убиец пукал и ги убил партнерката Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, а потоа се самоубил, јавува „Билд“.

Крвавото злосторство се случило утрово во станбена зграда во населбата Остенбург.

Откако биле повикани од очевидци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, изјави портпарол на полицијата.

Полицијата соопшти дека не сака да објавува дополнителни информации од почит кон семејството на жртвите, а ни училиштата во кои учеле двете деца не се известени за убиството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот