САД ПОлиција фото: EPA

Ужас во САД: 23-годишно момче уби осум луѓе, па во престрелка со полицијата изврши самоубиство

Властите во американската сојузна држава Илиноис синоќа започнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Првата жртва, 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне од неговото возило. Следното утро, полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата, со што бројот на жртви се искачи на осум.

За последните седуммина убиени, чии тела се пронајдени во две куќи, полицијата смета дека се членови на исто семејство. „Јас сум полицаец веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го видел”, изјавил шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.

Ден Џанглс, началникот на полицијата во округот Вил, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени. Покрај тоа, во престрелката е ранета и 42-годишна жена, за која постои сомневање дека е истото лице, но таа не била поврзана со другите жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот