Двете поранешни ракометни репрезентативки, Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ/Фото: facebook.com/RKVESTI

Утврден новиот состав на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 19 седница го утврди новиот состав на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

Поради истечениот мандат на стариот состав, Комисијата го изгласа новиот состав во кој претседател е Гордана Нацева, истакнат спортист и спортски работник.

За членови се избрани истакнатите спортисти Пепи Манасков, Примислав Димовски, Индира Кастратовиќ, Артим Шаќири, Оливера Биковска, Перо Антиќ, Наташа Илиевска и Шабан Трстена.

Покрај нив, за членови на Одборот се избрани и професорите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, д-р Ленче Алексовска – Величковска и д-р Руждија Калач, спортскиот новинар Игор Трпески и истакнатиот спортски работник, професор Иса Аслани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот