косово србија
Фото: Profimedia

Утре нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

Белградската делегација предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, вечерва пристигна во Брисел, каде утре наутро ќе учествува во нова рунда дијалог со Приштина, која се води под посредништво на ЕУ, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Како дел од дијалогот, Белград ќе инсистира на формирање на Заеднички совет за безбедност и деескалација на ситуацијата на терен, изјави Петар Петковиќ, пренесе Данас.

Новата рунда дијалог во Брисел доаѓа само два дена пред почетокот на изборната кампања за локалните избори во Косово и Метохија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот