Фото: EPA-EFE/PETER RAE

Утре натпросечно топло, во четврток значително заладување и врнежи од дожд

Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.

Времето утре се уште ќе биде натпросечно топло со дневни температури околу 30 степени, но попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на град.

Како што соопшти УХМР, значително заладување ќе има во четврток, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната (ќе достигне вредности во интервал од 16 до 23 степени).

Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот