Сиљановска-Давкова во Баку / Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Уставните судови не се под јурисдикција на политичари на соседни земји, порача Сиљановска

Во однос на непочитувањето на одлуките од Меѓународниот суд на правдата во Стазбур, претседателката праша зошто постои судот, ако неговите пресуди не важат за сите држави.

Уставните судови не се под јурисдикција на политичари на соседни земји, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во однос на писмото на шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев до неговите колеги од ЕУ, во кое вели дека е непотребна провокација и правна апсурдна постапка иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за доброседство со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска.

Според неа непријатно е да се коментираат вакви изјави како и да се даваат комeнтари за работа на Уставен суд.

„Непријатно ми е првин да коментирам вакви изјави како што е непријатно и да давате коментари и за работа на Уставен суд. Уставните судови се дури и надвор од поделбата на власта внатре во државата, сигурно не се под јурисдикција на соседни политичари. Ако некој покренал постапка во Уставниот суд, Уставниот суд ќе реши дали има основ за негово проследување. Одлуките на уставните судови и во Бугарија и во Македонија се конечни и не се коментираат, јас дури ниту тогаш не би ги комнетирала, изјави Сиљановска Давкова од Охрид.

Таа нагласи дека во Уставот пишува дека предлагач на уставните измени може да бидат 150 илјади граѓани, Владата и претседателот на државата.

„Не читам јас никаде Европската унија или соседите. Така е со сите устави“ посочи Сиљановска-Давкова.

Во однос на непочитувањето на одлуките од Меѓународниот суд на правдата во Стазбур, претседателката праша зошто постои судот, ако неговите пресуди не важат за сите држави.

„Какви се тие пресуди кои не важат, каков е тој суд чии пресуди не важат“, праша Сиљановска-Давкова.

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев им испрати писмо на колегите од земјите-членки на Европската Унија, во кое ја изрази загриженоста на Бугарија за континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската унија“.

Георгиев ѝ се пожали на ЕУ: Македонија упорно не ги исполнува обврските

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!