Апасиев -комисија/фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Уставниот суд утре ќе одлучи дали Џафери го дискриминирал Апасиев

Уставниот суд утре на седница треба да одлучи по барањето за слободи и права поднесено од лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев, против поранешниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

На 3 октомври 2024 година Уставниот суд одржа јавна седница со присуство на подносителот и поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој во барањето е наведен дека со дејствие ја сторил повредата врз подносителот Апасиев.

Јавна расправа во Уставен суд: Апасиев го обвини Џафери за политичка дискриминација

Апасиев, во барањето наведува дека претседателот на Собранието со неговото дејствие сторил повреда на правото на политичко дејствување на подносителот на начин што не бил прифатен Предлог за граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на дополнителен референдум.

Тој наведува дека му се повредени уставно загарантираните права, бидејќи Џафери одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна.

Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така Апасиев бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти.

Станува збор за Предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 година.

Апасиев го тужи Џафери за дискриминација по политичка основа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот