Фото: Промо

Успешен настап на тимот на Клиника „Жан Митрев“ на меѓународниот турнир во шутбал во Будимпешта

Тимот на Клиника „Жан Митрев“ оствари забележителен успех на меѓународниот турнир во шутбал (walking football), кој се одржа од 11 до 13 јули на терените на клубот „Ференцварош“ во Будимпешта, Унгарија. На турнирот учествуваа вкупно 16 екипи од Унгарија, Италија, Австрија, Израел, Англија и Македонија, во категории над 50 и над 60 години возраст, а натпреварите беа организирани под покровителство на Унгарската федерација.

Во силна конкуренција со реномирани екипи, меѓу кои и АС Рома од Рим, екипата на Клиника „Жан Митрев“ го освои високото 8-мо место, постигнувајќи значителен број голови и оставајќи силен впечаток како достоен претставник на Република Македонија. Овој успех е особено значаен имајќи предвид дека шутбал односно фудбал со одење, е спорт што доживува експанзија во Европа и светот, а во некои од земјите учеснички е веќе на значително повисоко развојно ниво.

Фото: Промо

Покрај спортските резултати, тимот на Клиника „Жан Митрев“ активно ја предводи иницијативата за развој и официјализирање на шутбал и во Македонија. Очекувањата се дека до крајот на годинава, нашата земја, предводена токму од овој тим, ќе стане полноправна членка на Меѓународната федерација на Walking Football. Со тоа, Македонија ќе се вклучи уште посериозно во развојот на спортот, кој носи здравствени и социјални придобивки за луѓето во постара возраст, кои и понатаму се чувствуваат активни и полни со енергија.

Според планот на екипата, веќе од септември се очекува почеток на формирање на национална „Македонска лига“ со повеќе домашни тимови, што претставува нова страница во спортската сцена на земјата. Дополнително, во текот на следната година, Клиниката „Жан Митрев“ планира организација на голем меѓународен турнир под името „Walking Football Tournament – Macedonia Open 2026“, со учество на екипи од повеќе европски земји. Овој настан ќе ја позиционира Македонија не само како спортски центар, туку и како гостопримлива дестинација за спорт, дружење и позитивна енергија.

Фото: Промо

Tимот на Клиника „Жан Митрев“ останува посветен на мисијата да ја промовира културата на здрав и активен начин на живот, истовремено носејќи нов спорт на македонската сцена и претставувајќи ја државата во најдобро светло на европските и светски натпревари.

Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот