фото: Македонски Параолимписки комитет

Успешен настап на македонските пара атлетичари на митингот во Крушевац, второ место за Никола Пеев, трето за Елена Давитковска

Првиот натпреварувачки ден на 19 јули 2025 година на митингот во Крушевац, Србија, најдобар резултат од македонските спортисти постигна Никола Пеев Ф36, освојувајќи го второто место во дисциплината диск, споени класи Ф13/36/38/40/41/46/63 во конкуренција на пет натпреварувачи со 22,18 метри кои му донесоа 186 поени. Првото место во ова дисциплина го освои Милош Грабеж Ф36 од Србија со резултат од 34,96 метри кои му донесоа 778 поени, додека третото место го освои Милован Цветковиќ Ф63 од Србија со резултат од 18,34 метри или 124 поени.

Во истата дисциплина настапи и нашата натпреварувачка Тамара Гошева Ф46, која постигна личен рекорд од 19.61 метар или 283 поени, меѓутоа беше единствена жена која настапи во тие категории и не оствари пласман.

фото: Македонски Параолимписки комитет

Елена Давитковска Ф56 во дисциплината Диск Ф55/56 го освои третото место во конкуренција на четири натпреварувачки, со резултат од 12,23 метри или 280 поени. Првото место ѝ припадна на Ивана Арсиќ од Србија со резултат од 19,25 метри или 680 поени, а второто на Ѓурѓица Ковачевиќ од Србија со резултат од 18,18 метри или 611 поени. Елена Давитковска настапи првиот ден и во дисциплината Копје Ф54/55/56 каде го освои петтото место од пет натпреварувачки со резултат од 9,05 метри.

Зоран Јовановски Ф55 настапи во дисциплината Копје Ф34/54/55/57 и со резултат од 13,71 метри или 172 поени го освои петтото место од десет натпреварувачи. Првото место го освои Ненад Јеремиќ Ф55 од Србија со резултат од 21,78 метри или 616 поени.

фото: Македонски Параолимписки комитет

Вториот натпреварувачки ден на 20 јули 2025 година, Никола Пеев Ф36, во дисциплината Копје Ф11/12/13/36/63, со резултат од 25,09 метри или 307 поени го освои четвртото место, а во истата дисциплина Тамара Гошева Ф46 постигна резултат од 17,84 метри или 12 поени и повторно како единствен женски натпреварувач во тие класи не оствари пласман. Никола Пеев Ф36 потоа настапи и во дисциплината Ѓуле Ф11/12/36/40/41/63 во која со резултат од 7,92 метри или 78 поени го освои петтото место од осум натпреварувачи, а Тамара Гошева Ф46, во истата дисциплина постигна резултат од 6.52 метри или 229 поени.

Зоран Јовановски Ф55 во дисциплината Ѓуле Ф32/34/55/57 со резултат од 6.86 метри или 262 поени го освои четвртото место од пет натпреварувачи, додека во дисциплината Диск Ф51/54/55/57 со резултат од 14,99 метри или 103 поени го освои седмото место од осум натпреварувачи. Елена Давитковска Ф56 настапи во дисциплината Ѓуле Ф54/55/56 и со резултат од 4,59 метри се пласира на петтото место од пет натпреварувачки.

фото: Македонски Параолимписки комитет
фото: Македонски Параолимписки комитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот