Фото: БК УНИКС (Казань) / BC UNICS (Kazan)

Уште едно признание за Димитријевиќ: Доби место во идеалната петорка од четвртфиналето во ВТБ лигата

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ стигна до уште едно признание во ВТБ лигата.

Имено, Димитријевиќ откако беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, доби и место во идеалниот тим во четвртфиналето. Уникс во четвртфиналето ја елиминираше Самара, а Димитријевиќ повторно беше еден од најважните во тимот и најдобар поентер во серијата.

Покрај Димитријевиќ во идеалната петорка се уште: Морис Ндур (Локомотив Кубан), Амат Мбаи (ЦСКА), Луис Лабери (Уникс) и Винс Хантер (Зенит).

Во полуфиналето Уникс ќе се соочи со Локомотив Кубан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот