Фото: Profimedia

Уште едно дете се откажа од Бред Пит: Ќерката Вивиен повеќе не го користи неговото презиме

Откако Шајло Џоли-Пит и Захара Џоли-Пит го отфрлија презимето на нивниот татко Бред Пит, сега се чини дека и нивната сестра Вивиен го направила истото.

Како што пишуваат американските медиуми, и Вивиен Џоли-Пит престана да го користи презимето Пит и го задржа само презимето на нејзината мајка Анџелина Џоли.

Вивиен работи како асистент продуцент на мјузиклот „Аутсајдерите“ („The Outsiders“), а на листата на луѓе кои работат на проектот било забележано дека 15-годишната девојка го задржала само презимето на нејзината мајка. Засега не е јасно дали тоа го направила легално.

Вивиен Џоли-Пит / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Откажувањето на презимето доаѓа по години на заладени односи меѓу Пит и неговите деца поради неговиот развод со Џоли.

Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја одбрани својата мајка. Поранешните сопружници сè уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари деца, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот