
Уште една „жртва“ на Брегзит: „Ориент експрес“ повеќе нема да сообраќа од Лондон до Франција
Познатиот воз Ориент експрес престанува да сообраќа на потегот од британскиот пристанишен град Фолкстон до Лондон поради зголемените гранични контроли по Брегзит, објави денеска Индипендент, пренесува Политика.рс.
Препорачано
Се наведува дека тоа се случило бидејќи постапката за минување на границата со Франција во градот Кале е премногу тешка. Од туристичката компанија „Ориент експрес“, рекоа дека „зголемената визна и пасошка контрола“ значи дека компанијата ќе мора да го прилагоди работењето следната година.
„Сакаме да избегнеме каков било ризик од пречки во патувањето за нашите гости, доцнење и пропуштени врски и да обезбедиме највисоко ниво на услуга, што е можно побеспрекорно и опуштено“, се вели во соопштението.
Патниците на Ориент експрес претходно можеа да патуваат со луксузни арт-деко вагони од станицата Викторија во Лондон до Фолкстоун пред да се качат на автобус за да преминат во Франција, каде што можеа да се приклучат на возот Белмонд на Кале. Купеата во стариот воз Ориент експрес од 1929 година чинат меѓу 3.530 и 10.100 фунти по лице, а патниците се дотеруваат за вечера навечер, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
22мин
-
35мин
-
57мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5