Уште една аудио снимка: Мицкоски вели дека Камчев му помогнал да плати долгови од претходниците

Во разговорот се слуша наводно гласот на Мицкоски кој вели дека тој е единствениот што се бори против новиот Закон за јавно обвинителство, а со кој процесот за „Империја“ би продолжил.

Уште една аудио снимка осамна на Јутјуб каналот, продолжение од снимениот разговор наводно меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска,

На снимката се слуша како Мицкоски зборува дека добил помош од Орце Камчев, со тоа што му ги плати долговите кои ги оставил неговиот претходник Никола Груевски и претходното раководство на партијата.

Во разговорот се слуша како Мицкоски вели дека тој е единствениот што се бори против новиот Закон за јавно обвинителство, а со кој процесот за „Империја“ би продолжил.

Мицкоски во еден момент вели: „Таму не е решена работата да знаете. Затоа што овој закон е закон што ќе помине како што ќе помине, како што мислат да помине, за јавно обвинителство тој предмет не е завршен. Напротив. Да знаете. Единствен кој што се бори во моментов сум јас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот