Дембеле е подготвен да потпише нов договор со Барселона/ фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Уште еден предновогодишен подарок за Чави, Дембеле останува во Барселона

Навивачите на Барселона денеска имаат големи причини за радост, откако беше објавено дека Феран Торес во зимскиот преоден рок ќе пристигне на „Камп Ноу“, француските медиуми тврдат дека Осман Дембеле ја прифатил понудата на каталонскиот тим и е подготвен да потпише нов договор.

Ова претставува и предновогодишен подарок за тренерот Чави Ернандез кој неодамна изјави дека Дембеле е столбот на иднината на Барселона и управата мора да направи се за тој да остане на „Камп Ноу“.

– Дембеле сака да остане, среќен е тука и убеден сум дека ќе ја продолжи кариерата во Барселона. Тој веќе знае за нашиот проект, знае што ќе следува во иднина, но и каква улога ќе има во него – изјави неодамна Чави.

За да се официјализира договорот, потребно е да се финишираат преговорите околу платата на фудбалерот, а тој им порачал на челниците на клубот дека е среќен на „Камп Ноу“ и дека не се гледа во друга екипа.

Наводно, платата на Дембеле ќе биде помала, наместо актуелните 12 милиони евра по сезона, тој со новиот договор би заработувал седум милиони, но секоја година може да добие и дополнителни четири милиони евра во бонуси.

Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд, но повредите го спречија да ги оправда вложените 135 милиони евра. Сезонава, Дембеле поради повреди, одигра само седум натпревари за Барселона и имаше една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот