Полжав / Фото EPA/DIEGO AZUBEL

Упорни полжави им ја јадат поштата на мештаните во англиско село

Неколку полжави се населиле во поштенско сандаче во Девон, Англија и ја изгрицкале речиси цела пошта која била внатре. Жителите велат дека мекотелите секојдневно се отстрануваат од сандачињата, но тие продолжиле да влегуваат во нив, пренесува Би-Би-Си.

Полжавите „го јадат лепилото што го држи пликот во форма“, велат жителите. Од Кралската пошта се уште нема одговор за овој случај.

Поштарите поставиле знаци на поштенското сандаче уште пред најмалку четири месеци, според фотографијата на Гугл Мапс направена во јули.

Предупредување за полжави во поштенскикте сандачиња / Фото Би-Би-Си

Пораката залепена на неа вели: „Иако сте многу добредојдени да продолжите да го користите ова поштенско сандаче, сакавме да напоменеме дека вашето писмо можеби нема да пристигне без некои траги од грицкање околу рабовите“.

Според еден селанец, кој не сакал да биде именуван, надвисната вегетација на ѕидот ги поттикнала полжавите да навлезат во сандачињата. Проблемот опстојувал најмалку една година и не бил дискутиран од локалниот совет, велат тие.

Во Корнвол, жителите на Маразион неодамна откриле дека нивните поштенски сандачиња биле запечатени за да ги задржат напаѓачите надвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот