Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

УНИЦЕФ: Три милијарди луѓе во светот без услови за миење раце

Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат домашни услови за одржуваат на основна хигиена со миење на рацете. Организацијата предупреди дека недостапноста до основната хигиена, како што е миењето на рацете, за милиони луѓе значи зголемен ризик од зараза со коронавирусот и други болести.

Според извештајот на УНИЦЕФ објавен по повод Светскиот ден на миењето на рацете, во најмалку развиените земји, речиси три четвртини од населението не може да ги мие рацете дома. Околу 43 проценти од училиштата во кои учат 818 милиони ученици немаат можност за миење на раце со вода и со сапун, а во најсиромашните земји процентот на училишта без место за миење раце се зголемува на дури 70 проценти, пренесува „УН Њуз“.

Извршната директорка на УНИЦЕФ за вода и хигиена, Кели Ен Најлор истакна дека пандемијата на ковид-19 укажа на клучната улога на хигиената на рацете во превенцијата на болестите и оцени дека е неприфатливо тоа што најранливите заедници не се во можност да ги користат наједноставните методи за заштита на животот.

Затоа УНИЦЕФ, заедно со Светската здравствена организација (СЗО), ја почна иницијативата „Хигиена на рацете за сите”, со цел да се подобри пристапот до места за миење раце, вода, сапун и средства за дезинфекција во сите средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот