
Унгарскиот тенисер Валкуз од квалификации до победничкиот пехар на турнирот во Скопје
Мате Валкуз од Унгарија е победник на годинашново издание на Macedonian Open 2023 откако во финалето го совлада петтиот носител Франциско Комесана од Аргентина со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4) во меч кој траеше 101 минута. За Валкуз ова е прв триумф на Челинџер турнир.
Препорачано
Клучни во мечот беа искористените „брејк“ топки од страна на унгарскиот тенисер. Инаку, Валкуз турнирот го почна во квалификации и оствари седум победи на седум меча во седум дена.
Првиот сет почна во изедначена борба, а првата „брејк“ топка ја искористи Валкуз во четвртиот гем за водство од 3:1, за веднаш потоа Комесана да направи „ри-брејк“ и да намали на 3:2. Откако во седмиот гем Комесана не искористи „брејк“ топка, во следниот гем Валкуз го направи тоа за нов „брејк“ и водство од 5:3, а потоа го реализираше и гемот нас свој сервис за 6:3.
Во вториот сет имаше многу повеќе неизвесност. Во првиот „маратонски гем“ Валкуз ја искоисти втората „брејк“ топка за водство од 1:0. Но, во шестиот гем Комесана го врати загубениот сервис и израмни на 3:3 што беше најава за серија „брејкови“. Валкуз поведе со 4:3 на сервис на ривалот, а Комесана израмни исто така со одземен сервис на противникот. По 4:4 Унгарецот направи нов „брејк“ за 5:4, а и 10 гем беше во најава за „брејк“. Сепак Валкуз успеа да спаси три „брејк“ топки, а потоа ја искористи втората меч топка за да го добие сетот со 6:4.
Валкуз во мечот имаше 5/9 брејкови, а Комесана 3/8. За победата на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open победникот освои 75 поени и парична награда од 9.800 евра, додека финалистот освои 50 поени и 5.820 евра.
Ноуза и Полсен победници на меѓународниот тениски турнир во Скопје