Плажа во Саранда, Албанија/ фото: Драган Митрески

Унгарскиот медиум, „Колоре“: Албанија е неповторлива атракција и наесен

Извонредно искуство на плажа, малку туристи, пријателска средина. Ова е рецептот за совршено патување. Плажите во Албанија ги пречекуваат посетителите на кои им е преку глава од главните европски дестинации, и сакаат да побегнат од гужвите, пишува новинарката Розц Франциска во текст објавен во унгарскиот дневен весник „Колоре.“

Долгата албанска ривиера која официјално е 450 километри (локално познат како Брег) се наоѓа во североисточниот дел на Јонското Море: брегот се протега низ Валона и Саранда до Националниот парк Бутринт и грчката граница. На брегот се наоѓаат некои од најубавите плажи во Албанија, како и многу други атракции, пештери и подводни извори, но и шармантни крајбрежни села, прекрасни погледи и неупотребени бункери. Некои кафулиња на плажа нудат вкусна албанска храна, но бројот на угостителски единици не е толку голем како на другите европски плажи- стои во написот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот