Фото: ЕРА

Унгарски диригент направи заштитни маски кои ја подобруваат акустиката

Унгарскиот диригент и композитор Иван Фишер направи заштитни маски кои го подобруваат квалитетот на звукот и кои ќе им овозможат на посетителите на концертите за време на пандемијата да уживаат во подобра акустика.

Овие маски имаат две пластични чаши во форма на дланка. Чашите се прицврстени на конци што го држат платното на маската, дизајнирана да се завитка околу ушите на лицето што ја носи.

Изумот на диригентот на фестивалскиот оркестар во Будимпешта се чини дека е популарен меѓу посетителите на концертите, кои тврдат дека звукот на музиката е многу подобар кога се носи маска.

На синоќешниот настап на овој оркестар можеа да се видат десетици посетители кои носат акустична маска.

Акустичните маски може да се нарачаат преку веб-страницата на фестивалскиот оркестар во Будимпешта по цена од околу 22 евра (8.000 форинти), а достапни се во црно-бела верзија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!