Апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО/ Фото EPN / Newscom / Profimedia

Унгарија: Владејачкиот Фидес на Виктор Орбан даде „амин“ за Шведска и Финска да влезат во НАТО

Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе ја поддржи ратификацијата на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти денеска парламентарната група на таа партија, која контролира нешто повеќе од две третини од местата во унгарскиот парламент.

Унгарските пратеници порано денеска го започнаа процесот на ратификација за влез на скандинавските земји во НАТО по неколкумесечно одложување, објави Ројтерс.

Ваквата одлука уследи откако претседателот на Унгарија, Каталин Новак и владин претставник ги повикаа пратениците да ги поддржат предлозите за што побрз прием на двете земји во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!