Фото Архива на СП

Унгарија оди понатаму и покрај реакциите од Брисел – забрани увоз на мед, леб, шеќер, вино и месо од Украина

Унгарската влада ја прошири привремената забрана за увоз на украински прехранбени производи со мед, вино, леб, шеќер и низа производи од месо и зеленчук, јавува Радио слободна Европа. Унгарија претходно забрани увоз на украинско жито, што предизвика реакции од Брисел.

Листата на производи кои се забрануваат е објавена во владин указ, откако Будимпешта најави мерка за сопирање на увозот на житарки и неколку други производи.

Во последните денови Полска, Унгарија, Словачка и Бугарија забранија увоз на житарки и други прехранбени производи од Украина, откако падот на цените предизвика протести на локалните земјоделци. Европската комисија порача дека таквите еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Откако конфликтот во Украина ги блокираше црноморските пристаништа, големи количества украински житарки, кои се поевтини од оние произведени во ЕУ, завршија во средноевропските земји поради логистичкиот хаос, влијаејќи врз цените и продажбата на локалните земјоделци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот