
Унгарија бележи неверојатен пораст од 250 проценти на цените на становите
Цените и кириите на недвижностите низ Европската унија продолжија да растат во вториот квартал од 2025 година, според најновите податоци на Евростат- пренесе Бизпортал.
Во споредба со истиот период минатата година, просечните цени на куќите и становите се зголемија за 5,4 проценти, додека кириите скокнаа за 3,2 проценти. Во споредба со првиот квартал од оваа година, растот е сè уште присутен – цените на недвижностите се зголемија за 1,6 проценти, а кириите за 0,7 проценти, што укажува на продолжување на трендот на раст во повеќето земји-членки на ЕУ.
Препорачано
Од 2010 година до денес, пазарот на недвижности во Европската унија бележи значителен раст: цените на становите се зголемија за 60,5 проценти, додека кириите се зголемија за 28,8 проценти. Сепак, динамиката на растот не беше иста – додека кириите растеа постепено и стабилно, цените на становите имаа поголеми осцилации, со остар раст помеѓу 2015 и 2022 година, кратка стагнација, а потоа повторно зголемување од 2024 година.
Највисок раст на вредноста на станбените згради во периодот од 2010 до 2025 година е забележан во Унгарија (277%) и Естонија (250%), додека цените се дуплираа или повеќе во десет други земји-членки, вклучувајќи ги Литванија, Латвија, Чешка, Португалија, Бугарија, Австрија, Луксембург, Полска, Словачка и Хрватска, пишува Еуправо Зато.
Интересно е што Италија е единствената земја од ЕУ во која цените на станбените недвижности се намалија во истиот период – за еден процент, според Евростат. Кога станува збор за цените на кириите, најголем раст е забележан во Естонија (218%), Литванија (192%), Унгарија (125%) и Ирска (117%).
Грција е единствената членка на Европската Унија каде што кириите се пониски отколку во 2010 година – за девет проценти.