„Табановце“ / илустрација

Унгарец се обидел да влезе во Македонија со четири вида дрога

32-годишен Унгарец е уапсен на „Табановце“ откако се обидел да влезе во земјава со кокаин, амфетамин, кетамин и таблети „екстази“, соопшти полицијата.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против O.J.(32) од Унгарија и A.Б.(37) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична проверка и контрола во возило „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј., а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на пријавените биле пронајдени и одземени кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!