Улицата „Мирче Ацев“ во центарот на Скопје / Фото: Google Street View

Улица во строгиот центар на Скопје утре ќе остане без вода

Објектите на улицата „Мирче Ацев“ во строгиот центар на Скопје, која се протега од Олимпискиот базен до ГТЦ, утре ќе биде без вода за пиење, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како причина се наведува поврзување од стара на нова водоводна мрежа.

Предвидено е корисниците од оваа улица да останат без вода од осум часот до завршување со работните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот