Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Украинската делегација ќе инсистира на средба меѓу Зеленски и Путин

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин е главното прашање на дневен ред за украинската делегација на претстојните преговори со руската страна во Истанбул, јавува државната новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на извор од преговарачкиот тим.

„Главната тема на разговорот е можноста за средба меѓу лидерите. За Украина, тоа е најприоритетно прашање, бидејќи веруваме дека токму на таква средба можат да се донесат клучни одлуки за постигнување мир“, изјавил изворот.

Украинската делегација, според истиот извор, е фокусирана и на три дополнителни теми: размена на затвореници и враќање на децата, постигнување целосен и траен прекин на огнот, како и создавање услови за директен дијалог меѓу двајцата претседатели.

„Нашата позиција е конструктивна. Ќе зависи од тоа дали Русија е подготвена да се откаже од ултиматуми и да пристапи со сериозни и конкретни предлози“, додава претставникот.

Пред почетокот на разговорите во Истанбул, украинската делегација имаше средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот