Фото: EPA-EFE

Украински хакер заразил над милион компјутери во целиот свет, ќе плати отштета од милион долари

Украинскиот државјанин Марк Соколовски (28) во понеделникот пред федералниот суд на САД се изјасни за виновен за ширење на злонамерниот софтвер Raccoon Infosteale. Тој се согласи да плати најмалку 910.844 долари како реституција, според договорот за признавање вина.

Соколовски претходно беше обвинет дека е еден од клучните администратори на лонамерниот софтвер, кој кога ги инфицира компјутерите, ги краде личните податоци на корисниците, вклучувајќи адреси на е-пошта, детали за банкарска сметка и информации за криптовалути.

Raccoon Infostealer се продаваше како MaaS (малвер-како услуга) за околу 200 долари месечно, а клиентите плаќаа со криптовалута. Податоците украдени со користење на овој софтвер биле користени за нови кражби и продавани на други на форумите за сајбер криминал.

Во март 2022 година ФБИ, во соработка со надлежните агенции во Италија и Холандија, ја демонтираа дигиталната инфраструктура на злонамерниот софтвер.

Сепак, лани во април сајберкриминалците најавија враќање на софтверот и нови функции кои ја олеснуваат и ја прават попрактична неговата употреба, а во исто време го отежнуваат откривањето на софтверот на заразените системи.

Соколовски беше уапсен во Холандија и екстрадиран во САД во февруари годинава. По неговото апсење, ФБИ дојде до податоци украдени од бројни компјутери кои беа заразени со малициозната програма.

Полицијата откри повеќе од 50 милиони уникатни лозинки, адреси на е-пошта, банкарски сметки, адреси на паричник за криптовалути и броеви на кредитни картички меѓу податоците кои Raccoon Infostealer ги украл од милиони жртви ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот