Бахмут/ Фото: Dimitar DILKOFF / AFP / Profimedia

Украинците тврдат дека ослободиле стратешки важно село близу Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили го ослободиле стратешки важното село Клишчивка, јужно од Бахмут, на источниот фронт.

„Денеска сакам особено да ги пофалам војниците кои чекор по чекор го враќаат во Украина она што и припаѓа, поточно во областа Бахмут“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар сподели видео од украинските сили кои креваат знамиња, вклучително и сино-жолтото национално знаме, додека во позадина одекнуваат истрели. Русија сè уште се обидуваше да ги врати загубените позиции и покрај ослободувањето на Клишчивка, објави таа на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот