Украинците тврдат дека кај Брјанск уништиле руска радарска станица НЕБО-У

Украина / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинската Служба за безбедност (СБУ) погодила руска радарска станица со долг дострел во регионот Брјанск, од која се следела ситуацијата на небото до 700 километри во територијата на Украина, јавија украинските медиуми, цитирајќи извор од СБУ.

-Русите сега имаат еден модернизиран комплекс Небо-У помалку, што му помогна на непријателот да открие украинско оружје и ги поддржа бомбардерите кои ја напаѓаат пограничната област на Украина со наведувани проектили, рече изворот, цитиран од украинската агенција Униан.

Тој додаде дека радарот е вреден 100 милиони долари и дека го погодиле седум дронови.

Агенцијата наведува дека ова е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ, и дека е прв уништен во рускиот Белгородски регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот