
Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети
Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада.
Препорачано
Форос е луксузно одморалиште сместено во близина на летниковци на руската политичка елита. Аксјонов рече дека нападот оштетил „неколку објекти“ во одморалиштето, а исто така оштетил и блиско селско училиште.
„Остатоци од соборените дронови предизвикале пожар на трева во близина на градот Јалта“, рече тој.
Во нападот загинале две лица, а 15 биле повредени, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека нападот бил извршен во 19:30 часот по московско време „користејќи дронови вооружени со високоексплозивни боеви глави“.
Каналот „Кримски винд“ на Телеграм објави дека наводно во одморалиштето престојувале „многу важни гости“. Според веб-страницата на одморалиштето Форос, ресторанот таму бил затворен во недела за „специјални служби“.
Русија нелегално го окупира Крим од 2014 година, трансформирајќи го полуостровот во силно милитаризирано упориште.
Украинските сили постојано го напаѓаат полуостровот со ракети и беспилотни летала одпочетокот на војната во 2022 година. Неодамна, украинската воена разузнавачка служба (ГУР) уништи три руски хеликоптери Ми-8 и радарска станица во окупираниот Крим.