
УКРАИНА ВО ЖИВО | Атовска од Лавов: Градот и официјално е нападнат
Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска утрово јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската армија.
Препорачано
-Лавов беше нападнат во саботата и официјално бомбите стигнаа до овој град. Прво слушнавме три одари, но се работи за две ракети кои беа упатени до склад за гориво кој е многу блиску до градот. Два часа подоцна се случи уште еден напад на друга локација, вели Атовска.
-Она што сакам да го кажам е дека во саботата кога излеговме на терен беше навистина тензично. Пред неколку денови претседателот Зеленски потпиша Закон кој предвидува 8 години казна затвор за сите оние кои ќе откријат локација или движење на украинската армија. Но за жал тоа не го почитуваа сите. Конкретно Си-Ен-Ен, Скај Њус и Би-Би-Си кои се сместени во хотели кои се на повисоко место дадоа една широка слика на градот и веднаш почна една огромна тензија која беше наменета против сите новинари, пренесува Атовска.
Атовска пренесува дека градоначалникот и генералот задолжен за овој град оддржаа прес конференција, на која што рекоа дека официјално градот Лавов е мета на напад и дека веќе никој што е сместен во овој град не смее да ги игнорира тревогите.
-Интересно е дека на сите врати на хотели на плокали стои еден лист на кои секеојдневно се менуваат бројките на уништени тенкови, на убиени руски војници, на уништени ракети од страна на украинската армија, вели Атовска.
Во разговорот се вклучи и новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ кој изјави дека штетата од војната во Украина е 65 милијарди долари.
-Анализите велат дека Путин оваа војна мора да ја заврши до 9-ти мај бидејќи секоја година има голема воена парада, вели Андоновиќ.