Александар Лукашенско, Владимир Путин
Александар Лукашенко и Владимир Путин во Москва / Фото: EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / Архива на Слободен Печат

Украина стравува од инвазија и од Белорусија вечерва во 21 часот

Украинскиот Центар за стратешки комуникации предупреди дека не може да исклучи дека Белорусија ќе започне инвазија на Украина денеска, по средбата во Москва меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко.

„Според прелиминарните податоци, белоруските сили би можеле да започнат инвазија на 11 март во 21 часот“, соопшти Центарот, што е 20 часот по средноевропско време.

Украинските воздухопловни сили претходно во петокот соопштија дека руски авиони од украинскиот воздушен простор гаѓале белоруска населба во близина на украинската граница за да провоцираат и да се обидат да ја вовлечат Белорусија во војна.

Украина вели дека Русија сака да ја вовлече Белорусија во војна. Лукашенко ја отстапи својата територија на руската инвазија на Украина, што го натера Западот да ги заостри санкциите кон белоруските претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот