Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Украина со Мудрик гостува во Скопје

Украина на 16-ти јуни ќе гостува во Скопје, а сега селекторот Сергеј Ребров го објави списокот од 27 фудбалери за трите натпревари кои ќе ги одигра оваа селекција.

Украина на 12-ти јуни ќе одигра пријателски натпревар со Германија, потоа на 16-ти гостува во Скопје, а три дена подоцна ќе се сретне со аутсајдерот во нашата група Малта.

Составот на Украина е предводен од најскапиот фудбалер на оваа репрезентација, Михајло Мудрик кој во зимскиот преоден рок направи трансфер од 100 милиони евра од Шахтјор во Челси, но засега не е ниту блиску да ја оправда вложената сума.

Покрај Мудрик на списокот се фудбалери како: Андриј Јармоленко (Ал Аин, ОАЕ), Виталиј Миколенко (Евертон, Англија), Руслан Малиновски (Марсеј, Франција)…

СПИСОКОТ НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ НА УКРАИНА

 

Добра вест за Македонија: Муслиу спремен за натпреварите со Украина и Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот