
Украина со 25 фудбалери за мечот против Македонија во Прага
Селекторот на најдобрата украинска фудбалска репрезентација, Сергеј Ребров објави список од 25 фудбалери на кои ќе смета за новите квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Македонија и Малта во октомври.
Препорачано
Секако, како за Украинците, така и за нас, дуелот на 14 октомври во Прага, Чешка, ќе биде многу важен за продолжување во трката за едно од местата кои водат на Европското првенство.
Во првиот меѓусебен меч одигран во Скопје украинските фудбалери иако имаа негатива од 2:0 по првиот дел, во второто полувреме направија пресврт (2:3).
Составот на Украина за дуелите со Македонија и Малта:
Голмани: Георги Бушчан (Динамо Киев), Анатолиј Трубин (Бенфика, Португалија), Андриј Лунин (Реал Мадрид, Шпанија).
Одбрана: Микола Матвиенко, Ефим Конопља (двајцата од Шахтјор Доњецк), Денис Попов, Олександар Караваев (двајцата од Динамо Киев), Виталиј Миколенко (Евертон, Англија), Илја Забарњи (Бурнмаут, Англија), Серхи Кривцов (Интер Мајами, САД), Бохдан Михаилченко (Динамо Загреб, Хрватска).
Среден ред: Андриј Јармоленко, Виталиј Бујалски (двајцата од Динамо Киев), Тарас Степаненко, Олександр Зубков, Георги Судаков, Јехор Назарина (сите од Шахтјор Доњецк), Олександр Зинченко (Арсенал, Англија), Виктор Циганков (Жирона, Шпанија), Михаило Мудрик (Челси, Англија), Серхи Сидорчук (Вестерло, Белгија), Руслан Малиновски (Џенова, Италија).
Напад: Роман Јаремчук (Валенсија, Шпанија), Артем Довбик (Жирона, Шпанија), Владислав Ванат (Динамо Киев).
Резерви: Олександр Сваток, Олександр Пихаленок (двајцата од Днипро-1), Олександр Тимчик (Динамо Киев).