Руски тенк Украина EPA-EFE/ATEF SAFADI

Украина ја одби руската понуда: Ќе преговараме, но не во Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.

Тој рече дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации.

„Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите”, рече Зеленски во онлајн обраќање.

Кремљ денеска соопшти дека руска делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

– Во согласност со договорот, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот