Украина доби нов пакет воена помош од Германија

борби Украина/Фото: ЕПА

Германската влада испрати нов пакет воена помош за Украина, објавено е на веб-страницата на владата во Берлин.

Пакетот вклучува 3.840 проектили со калибар од 155 мм, 250 комплети експлозиви, две возила за гранична одбрана, еден мобилен антенско-јарболен систем, 25 ласерски мерачи на далечина и пет системи за откривање дронови, пренесува Укринформ.

Новиот пакет помош од Германија вклучува и четири теглачи HKS81 и четири полуприколки, осум камиони од моделот Зетрос и три возила (камиони, минибуси, теренски возила).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот