
Украдени фарови, регистерски таблички, па дури и автомобилски катализатори може да се најдат на „црните пазари“
Автомобил на дигалки или тули е безвременска класика меѓу крадците. Отстранувањето на тркалата може да потрае, па крадците имаат тенденција да избираат автомобили паркирани на слабо осветлени места. Катализаторите содржат благородни метали како што се платина, паладиум и родиум, а од продажбата на катализаторите, крадците можат да заработат барем неколку стотици евра
Дури и ако е паркиран на добро осветлено место, автомобилот лесно може да стане мета на крадците. Автомобилските делови кои лесно се отстрануваат често се крадат и подоцна може да се продаваат на црниот пазар, да се пренесат во странство или да се користат за поправка на други возила. Матас Бузелис, експерт во компанијата за податоци за автомобили „Кар Вертикал“, вели дека крадците често таргетираат делови на нови автомобили, кои можат да ги продадат за повеќе пари. Очигледно, тие се заинтересирани за сè, од катализатори до тркала, па дури и за регистарски таблички, набројува Политика рс.
Препорачано
Огледалата за автомобили од високата класа може да чинат стотици евра, па не е изненадување што привлекуваат крадци. Бидејќи стаклото често се оштетува во помали сообраќајни несреќи, тие лесно се продаваат на црниот пазар. Има и возачи кои откако ќе го скршат сопственото стакло на ретровизорот, решаваат да заштедат пари и да ги „позајмат“ од друг автомобил. Покрај тоа, отстранувањето на стаклото од огледалото е многу едноставно и трае само неколку моменти.
Во зависност од моделот на автомобилот, цената на фаровите достигнува неколку илјади евра. Бидејќи тие се многу барани на пазарот на користени делови, лесниот плен е предизвик за крадците. Украдените светла и другите делови не завршуваат само на рекламните портали – тие често се испраќаат во странство. Честопати, се крадат и регистарските таблички на автомобилите за да се стават на друго возило и да се користат за криминални активности.
Криминалците ја користат оваа тактика за да ги избегнат градските камери и да ја измамат полицијата. Отстранувањето на табличките не бара никаков напор, па држењето на автомобилот на затворен паркинг или барем на добро осветлено место е единствениот начин да го заштитите. Искористен волан на автомобил од економска класа може да чини десетици евра, но воланот на луксузно возило „порше“, БМВ или „мерцедес“, може да достигне илјадници евра.
Во Европа голем број сериозно оштетени автомобили се увезуваат од САД, па затоа воланот е многу баран. Иако бравите на воланот некогаш беа популарни, денес тие се вистинска реткост. Автомобил на дигалки или тули е безвременска класика меѓу крадците. Отстранувањето на тркалата може да потрае, па крадците имаат тенденција да избираат автомобили паркирани на слабо осветлени места.
Катализаторите содржат благородни метали како што се платина, паладиум и родиум, кои се високо ценети од дилерите на старо железо. Со продажба на катализатори, крадците можат да заработат барем неколку стотици евра. Сопствениците на возилата на „тојота“ и „лексус“ треба да бидат особено внимателни, бидејќи овие марки се најмногу на мета на криминалците.
Катализаторите на овие производители имаат повеќе благородни метали, што носи подобра заработка. Во обид да се заштитат од крадци, многу возачи ги отстрануваат оригиналните катализатори и инсталираат поевтини верзии.