УКИМ кампус
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

УКИМ го одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј

Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето.

Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на најдобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година.

За утревечер е предвидена Свечена академија во Македонската филхармонија на која ќе се обратат ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, а ќе биде прикажан и филмот „УКИМ – 75 години академска извонредност“, по што следува уметничкиот дел од програмата.

На 22-ри и 23 мај ќе се одржат тркалезни маси во Ректоратот. На 23 мај ќе биде положено и цвеќе на споменикот на Кирил и Методиј по повод Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот, 24 Мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот