УЈП - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

УЈП изрече 80 глоби за неиздавање фискални сметки во декември

Управата за јавни приходи соопшти дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, спроведе контроли кај 696 објекти. Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности, а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци.

Изречени се 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, 29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи, 16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати, осум глоби за прекршок за некоористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, една глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга.

Изречени се и две глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи, две глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка, и две затоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.

Кај 13 физички лица, пак, е констатирано вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки. При контролите 31 деловен објект бил затворен/или објектите не биле најдени на наведената адреса/не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата.

УЈП апелира до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат согласно законската регулатива.

– Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата, наведуваат од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот