Дожд Гужва/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места се очекува изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд над 15 литри на метар квадратен за кратко време и засилен ветер над 60 километри на час.

Во петок ќе следи преодно стабилизирање на времето, додека во сабота ќе има изолирана нестабилност. Во недела повторно се очекува нестабилно време на повеќе места, со локален дожд и грмежи, а на одредени подрачја и поинтензивни процеси.

Во Скопје се прогнозира променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината може да се појави краткотрајно невреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот