EPA-EFE

УЕФА гарантира: Мхитарјан ќе биде безбеден во Баку!

Потсетување, на Олимпискиот стадион во Баку на 29 мај за титулата во ЛЕ ќе се борат премиерлигашките гиганти Челзи и Арсенал.

Арсенал одлучи да не биде меѓу патниците поради познатите односи и тензии меѓу Ерменија и Азербејџан. Еве ја реакцијата на УЕФА:

– Во соработка со Арсенал, УЕФА побара и доби гаранции околу безбедноста на играчот во Азербејџан од највисоките органи на таа земја. Како резултат на тоа, направен е и безбедносниот план кој е доставен до клубот. Иако Арсенал ги призна напорите на УЕФА и луѓето од Азербејџан, ја почитуваме одлуката која ја донесе – се вели во соопштението на европската куќа на фудбалот.

Иако УЕФА гарантира, Арсенал не сака да ризикува. На тој начин, Мхитарјан ќе биде спречен да му помогне на својот тим во најважниот натпревар оваа сезона за трофејот во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!