Ева Ивановска, ученичка од Делчево

Ученичката Ева Ивановска од Делчево е автор на најдобрата беседа на конкурсот „Григор Прличев“

Младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот за најдобра беседа на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, годинава под наслов „Чувај се себеси“.

Таа со посебен примерок го докажала авторството и објаснила дека е ученичка во четврти клас во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“.

– Посебно сум среќна и горда што ќе бидам дел од „Прличеви беседи“ годинава – истакнала Ивановска откако дознала дека е добитничка на наградата.

Наградата за најдобра беседа во вредност од 9.000 денари и статуетка со ликот на Прличев на Ивановска ќе ѝ бидат врачени на 6 февруари на поетската манифестација „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

На Конкурсот, трет по ред и тоа на државно ниво, имаа право да се пријават млади автори од 15 до 30-годишна возраст.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ традиционално е поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид, известија од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот